Континенталниот ракометен првак Црна Гора во втората рунда од Европското првенство во Хрватска и Унгарија ја совлада селекцијата на Словачка 28-24.
Победата црногорките ја осигураа во првиот дел, кој го добија со 20-10. Во вториот „белите“ се опуштија, но вториот триумф во групата не им беше загрозен.
Црна Гора со овој триумф стигнаа до четвриот бод додека Словачка остана без бодови.
Резултати :
Група Д : Србија – Франција 16-27, Црна Гора – Словачка 28-24.
Табела : Црна Гора 4, Франција 4, Србија 0, Словачка 0.
Група Ц : Хрватска – Германија 24-26, Холандија – Шведска 30-30.
Табела : Холандија 3, Шведска 3, Германија 2, Хрватска 0.
Мх.П.