
Агресивната норвешка одбрана , брилијантната Педерсен на голот ( 9 одбрани) потпомогната од Ригелхут (9 гола) се покажаа како непремостлива пречка за “пребириливте“ Данки.
– Задоволна сум од прикажаното, одиме чекор по чекор и за сега немам забелешки – рече на пресс конфернцијата по завршувањето на мечот норвешкиот селектор Марит Брејвик.
“Црвената фурија“ дополнително ги замрси работите во М1 групата по победата над Романија со резултат 24-18. Кризата во најлош момент ги стигна Романките кои го расипаа 100 % учинок.
Унгарија ја совлада Украина 28-26, но ја загуби Анита Горбич поради повреда. Горбич од клупата го одгледа второто полувреме и малку веројатно е дека ке се најде во тимот за денешниот наптревар против Норвешка.











