Ракометната репрезентација на Македонија, која на 22.декември ќе ги започне подготовките за настап на Европското првенство, договори контролни средби со Словенија и Црна Гора.


Натпреварите со овие две селекции, кои исто така ќе играат на европското првенство, ќе бидат последни проверки за македонските репрезентативци пред заминувањето за Полска.

Македонија на 4. и 5.јануари ќе гостува во Словенија, а потоа на 10. и 11.јануари ќе игра на домашен терен против Црна Гора.

На Европското Првенство во Полска, Македонија се наоѓа во силната Група А, заедно со репрезентациите на Франција, Србија и домаќинот Полска, а натпреварите ќе ги игра во Краков. Првенството почнува на 15 јануари.

„Макфакс“

Ohridnews