Селекцијата на Словенија направи хаос во втората група од главната фаза која се игра во Вараждин победувајќи ја Шпанија со 31-26 (13-12) во втората рунда од втората етапа на ЕП.

На победата на словенците најмногу сигурно се израдуваа германските ракометари кои во меѓусебна пресметка со Шпанија ќе одлучуваат за патникот во 1/2 финалето.

Избраниците на Веселин Вујовиќ одиграа маестрален меч особено во вториот дел во кој ја растурија „црвената фурија“.

Победата не игра голема улога за Словенија за пласман во полуфиналето, но сигурно ќе значи за место погоре во конечниот пласман на ЕП.

OhridNews