Хрватскиот фудбалер Ведран Чорлука ќе добие специјално место во музејот на УЕФА поради необичниот имиџ кој дефанзивецот не по своја вина го има на Европското првенство во Франција.
Чорлука не направи никаков рекорд за местото во музејот туку неговата повреда на главата која ја доби во првиот меч, а ја влече се уште.
Тој на последниот меч од Д групата меѓу Хрватска и Шпанија играше со заштитна капа која потсетуваше на опремата од ватерполостите.
Неговата слика ќе биде вклучена во збирката фотографии од Европското првенство што е во практика на УЕФА.
OhridNews