Во последната рунда од вторите групи, Македонија во 1/2 финалето ја води теорија. Треба да изгубат, Германија и Данска додека избраницте на Шундовски да триумфираат над домаќинот Србија. Но после шок поразот од Данска, самите се увервиме дека во спортот се е можно.
Србија со победата над Шведска обезбеди пласман во 1/2 финалето, така пред дуелот со Македонија ќе влезат растоварено, и тука ја гледаме нашата шанса.
– Ракометарите кои го носеа товарот во изминативе натпревари, ќе ги одмарам, најверојатно Илиќ и Манојловиќ. Со Македонија ќе играме растоварено, веќе сме во 1/2 финалето и треба да сме 100% подготвени за понатамошните натпревари од ЕП – истакна селекторот на Србија, Веселин Вуковиќ.
Дуелот помеѓу соседите Србија – Македонија е на програмата во 20:15 часот, а увертира за овој меч се натпреварите Полска – Германија 16:15 часот, Данска – Шведска 18:15 часот.
Мх.П.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com