Сребрената селекција од последниот Мундијал, Норвешка со победа над Србија 32-27 (17-17) ги започна мечевите од првата група во главната фаза кои се играат во Загреб.
Со двата бодови од премиерниот натпревар норвежаните стигнаа до четири и направија чекор напред кон првите две позиции кои водат во 1/2 финалето.
Српските репрезентативци сили за егал меч имаа едно полувреме кое заврши (17-17). Во второто полувреме норвежаните го кренаа темпото на игра и го стегнаа обрачот пред голот и „орлите“ потклекнаа.
Најефикасни во селекцијата на Норвешка беа првата виолина Сагосен и Бјорнсен со осум голови, а кај србите најпрецизни беа Шешум, Ненадиќ и Дукиќ со четири погодоци.
Во втората рунда од главната фаза Норвешка ќе се сретне со Хрватска, а Србија ќе ги одмери силите со Франција.
OhridNews