Селекцијата домаќин на Европското првенство, Полска во драматичен меч ја совлада Србија со минимални 29-28 (14-15) и прокнижи два бодови на табелата во А групата.

Полјаците целиот натпревар го одиграа во грч поради притисокот од домашната публика, а пак тоа србите максимално го искористија.

Домаќините еднаш се одлепија на плус четири (24-20), но Станиќ со фантастични интервенции ја врати селекцијата на Србија во игра за бодови.


„Орлите“ има за што да жалат бидејќи во последната минута при резултат (29-28) Никчевиќ не реализираше удар од седум метри.

Возбудувањата во А групата продолжуваат во недела со мечевите меѓу Полска – Македонија и Франција – Србија.

OhridNews