Капитенот на Хрватска, Дарио Срна ја напушти селекцијата по триумфот над Турција (1-0) по смрта на неговиот татко Узеир.
Родителот на хрватскиот репрезентативец починал пред мечот, но неговата фамилијата неубавата вест му ја кажале после натпреварот и тој со приватен авион се вратил во родниот град Метковиќ.
И таткото на Дарио Срна се занимавал со фудбал, а во животот направил се за неговиот син да дојде до ова ниво во фудбалскиот свет.
„Коцкастите“ со заедничка фотографија му испратија сочуство и поддршка на капитенот кој е еден од поискусните во селекцијата.
OhridNews