Првото место во Ц групата и пренесувањето на три бодови во главната фаза им донесе историски успех на македонските ракометари и нови фризури на Дејан Манасков, Столе Стоилов и Филип Кузманоски.

Тројцата ракометари го изгубиле облогот пред почетокот на Европското првенство кој гласел дека Македонија нема да заврши на првата позиција во Ц групата и мораа да се потстрижат „кец“.

Со новите фризури на Манасков, Стоилов и Кузманоски ракометарите на Македонија ќе се преселат во Вараждин, каде ги очекуваат мечевите од главната фаза. Македонија ќе започне од првата позиција со три бодови и со изгледни шанси за 1/2 финале.

OhridNews