Селекцијата на Франција зачекори кон полуфиналето на Европското првенство во Полска откако ја совлада Хрватска 32-24 (16-10) во втората рунда од втората фаза.


Хрватите на своја кожа ја осетија силата и моќта на „триколорите“ кои го запишаа шестиот бод на табелата.

Разликата на теренот ја направи Тиери Омејер кој мечот го заврши со 16 успешни одбрани и ефикасниот и непогрешливиот напад на французите.


„Коцкастите“ само во првите десет минути беа рамноправен противник, а потоа беа лесен залак за избраниците на Клод Онеста кои се во добра позиција за пласман меѓу најдобрите четири.

Прв меч во втората фаза ќе одиграат селекциите Полска и Норвешка по што ќе се комплетираа првата рунда.

OhridNews