Домаќинот и еден од трите потенцијални фаворити за трофејот на Европското првенство, Франција со атомски состав ќе ја брани честа пред своите гледачи.
Селекторот на „триколорите“, Дидиер Дешамп немаше ниту малку лесна задача да ги избере 23-те величествени репрезентативци за Европското на кое се домаќини.
Дешамп направи голем рез во репрезентацијата изоставувајќи ги Френк Рибери, Самир Насри и проблематичните Карим Бензема и Метју Валбуена кои поради нефудбалски причини долго време беа во фокусот на јавноста.
И покрај притисокот од француските медиуми Дешамп не го приклучи Хатем бен Арфа во потесниот список туку го стави на „стенд бај“ во случај на некоја повреда.
Место меѓу „триколорите“ Дешамп му направи на Канте од тимот на Лестер, а им го „затвори“ на Кондогбија и Морган Шнајдерлин.
Франција во групата А се наоѓа со Албанија, Швајцарија и селекцијата на Романија.
Списокот на Франција:
Голмани: Уго Лорис (Тотенхем), Стив Мандада (Олимпик Марсеј), Беноа Костил (Рен).
Одбрана: Кристоф Жале (Лион), Патрис Евра (Јувентус), Рафаел Варан (Реал Мадрид), Бакари Сања (Манчестер Сити), Лукас Дињ (Рома), Лоран Кошчиелни (Арсенал, Жереми Матје (Барселона), Елијаким Мангала (Манчестер Сити).
Среден ред: Јохан Кабаје (Кристал Палас), Н`голо Канте (Лестер), Матуиди (ПСЖ), Пол Погба (Јувентус), Ласана Дијара (Олимпик Марсеј).
Напад: Димитри Пајет (Вест Хем), Оливие Жиру (Арсенал), Ентоан Гризман (Атлетико Мадрид), Андре-Пјер Жињак (Тигрес), Ентони Марсијал (Манчестер Јунајтед), Кингсли Коман (Баен Минхен).
OhridNews