Актуелниот Европскиот првак, Црна Гора со 22-19 ја совлада Србија во дербито од групата Д на Европското првенство кое се одржува во Хрватска и Унгарија.
Црногорките уште на почетокот од мечот стекнаа предност, која констатно ја чуваа и на крајот им донесе триумф над српските ракометарки.
Во вториот меч во групата Д победа славеше Франција над Словачка со 21-18.
Резултати :
Група Ц : Германија – Холандија 26-29, Хрватска – Шведска 28-30.
Табела : Холандија 2, Шведска 2, Германија 0, Хрватска 0.
Група Д : Франција – Словачка 21-18, Црна Гора – Србија 22-19
Табела : Црна Гора 2, Франција 2, Србија 0, Словачка 0.
Мх.П.