Судиската организација при Европската куќа на фудбалот (УЕФА) на чело со Пјерлујџи Колина ги одредија арбитрите за полуфиналните мечеви на Европското првенство.


Првиот полуфинален натпревар меѓу Велс и Португалија кој ќе се одигра во вторник во 21 часот ќе го суди Јонас Ериксон од Шведска.

Вториот полуфинален дуел меѓу домаќинот Франција и Германија кој ќе се одигра во среда 21 часот ќе го води најдобриот италијански судија Никола Рицоли.

Ериксен еднаш на ЕП им судеше на велшаните и тоа на мечот со Русија кој го добија со 3-0. Рицоли пак ја делеше правдата на мечот меѓу Франција и Република Ирска во 1/8 финалето кој „триколорите“ го добија со 2-1.

OhridNews