Англискиот судија Марк Клатенбург ја доби довербата од УЕФА да го суди финалето на Европското првенство, помеѓу Франција и Португалија.
Клатенбург кој на ЕП до сега судеше три мечеви (Белгија – Италија, Чешка – Хрватска и Швајцарија – Полска) ја доби довербата во конкуренција на Србинот, Милорад Мажиќ и Унгарецот, Виктор Касаи.
Овој 41-годишен судија, кој по професија е електричар, доби уште едно признание од УЕФА, бидејќи пред само шест недели ја делеше правдата во финалето во Лигата на шампионите помеѓу Реал Мадрид и Атлетико Мадрид.
Финалето на ЕП помеѓу Франција и Португалија ќе се одигра в недела од 21 часот на стадионот Сен Дени.
OhridNews