Селекцијата на Унгарија е прва која преку баражот успеа да обезбеди пласман на завршницата на Европското првенство во Франција следната година.


Унгарците во бараж двомечот со вкупни (3-1) ја елиминираа репрезентацијата на Норвешка и дел од континентален собир ќе бидат по пауза од 30 години.

Предноста од првиот меч (1-0) пред своите гледачи репрезентативците на Унгарија ја преточија во нов триумф (2-1) и ја заверијата визата за ЕП.


Трите последни места на ЕП ќе се пополнат по одигрувањето на реванш мечевите во трите преостанати бараж дуели.

Мх.П.