Селекцијата на Хрватска го освои бронзениот медал на Европското првенство победувајќи ја Норвешка со 31-24 (15-11) во малото финале.
„Коцкастите“ побрзо се опоравија од поразот во полуфиналето за разлика од селекцијата на Норвешка. Изненадувањето на ЕП, Норвешка ја загуби течноста во играта додека хрватите сите грешки ги казнуваа со погодоци.
Хрватската селекција го освои третото бронзено одличје на Европските првенства и обезбеди директен пласман на Светското првенство во Франција.
OhridNews












