Десеттици илјади навивачи како херои ги пречекаат репрезентативците на Велс кои на дебитанскиот настап на Европските првенства стигнаа до 1/2 финалето.
Атмосферата во Кардиф кулминираше кога сите заедно се упатија на стадионот каде беше одржана главната церомонија.
Најмногу еуфорија се крена кога на бината излегоа селекторот Крис Колман и најдобрите играчи во Велс на турнирот Герет Бејл и Арон Ремси.
Непреминлива пречка за Велс во 1/2 финалето беше Португалија која во финалниот натпревар на ЕП ќе се сретне со домаќинот Франција.
OhridNews