ЕП Вести : Роналдо повреден, Канаваро и Виера во аут ! !
03.06.08 09:55
Фабио Канаваро ќе го пропушти ЕП откако вчера го повреди скочниот зглоб на првиот тренинг на италијанската репрезентација по пристигнувањето во Австрија. Несреќата се случила за време на натпревар меѓу италијанските репрезентативци при што Канаваро имал дуел со Џорџо Кјелини и останал да лежи на теренот. Селекторот Роберто Донадони на местото на Канаваро го повика Гамберини од Фиорентина. Селекцијата на Италија првиот натпревар на ЕП ќе го игра против Холандија во Понеделник.
Фудбалерот на Манчестер Јунајтед и португалската репрезентација Кристијано Роналдо се пожали на повреда. Последниот трениг на Португалците заврши без најдобриот европски фудбалер, кој почувствувал болки во десниот зглоб на ногата. Сè уште не е јасно дали станува збор за сериозна повреда, но со сигурност ова е загрижувачки за селекторот Луис Фелипе Сколари. Португалија на отварањето на ЕП во сабота ќе игра против Турција.
Фудбалерот на Милан Метју Фламини го менува Патрик Виеира во составот на триколорите. Членот на Интер поради повреда на ногата ќе го пропушти ЕП. Виера се повреди на петочниот тренинг и нема да биде подготвен до почетокот на шампионатот. Селекторот на “триколорите” Рејмонд Доменек во репрезентацијата на местото на Виеира го повика Фламини кој на почетокот на летниот преоден рок како слободен играч го напушти лондонски Арсенал и ги засили “росонерите”. Триколорите првиот натпревар го играат во Понеделник против Романија
По малата пауза денеска и утре продолжуваат натпреварите во фудбалската Лигс на шампиони Два натпревари посебно ќе бидат во фокусот Првиот е вечерва во Милано каде се среќаваат Интер и Ливерпул Ин...
Пилотот на Мекларен Мерцедес, Британецот Ландо Норис, е нов светски шампион во Формула 1 На последната трка што се возеше денеска во Абу Даби, Норис го освои 3-то место зад клупскиот колега и канди...
Очите на целиот свет денеска се свртени кон Абу Даби На патеката „Yas Marina Circuit“, ќе се води завршната трка од светското првенство во Формула 1 оваа сезона, која ќе го даде одговорот кој ќе го...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.