Кафе барот Шила за љубителите на ракометот и спортот воопшто ќе организира заедничко гледање на натпреварите на Македонија на Европското првенство во Полска.
За што подобра атмосфера, кафе барот нуди промотивни цени на пивата Скопско, Амстел и Хајнекен, а за најверните и најкреативните навивачи има награди и изненадувања.
Натпреварите „црвено жолтата“ експедиција ги започнува во петок против Франција (18 часот), потоа играат во недела против Полска (20:30ч), а во вторник на големиот празник Водици ќе се сретне со Србија (18ч).
OhridNews