На словенскиот селектор, Веселин Вујовиќ не му требаше натпревар на Европското првенство да ја крене нацијата на нозе. Тој успеа само со еден потег откако одлучи да гo избриши од составот Драган Гајиќ кој на Мундијалот во Катар ја понесе наградата најдобар стрелец.
Ракометарот на француски Монпеље се огласи преку социјалните мрежи за крајно чудната одлука на селекторот.
– Едноставно немаше „хемија“ меѓу мене и селекторот. Некои одлуки се изненадувачки, како што е оваа за мене. Сепак, јас ја почитувам одлуката и им посакувам се најдобро на моите пријатели и соиграчи, со кои долго настапував. Верувајте во себе момци, за мене сте шампиони. – напиша Гајиќ.
„Змајчеките“ во групата на Европското првенство се наоѓаат со Шпанија, Шведска и Германија.
Составот :
Голмани: Горазд Шкоф (Нант), Матевж Скок (Либек)
Крила: Дарко Цингесар (Марибор), Гашпер Маргуч (Веспрем), Лука Жвижеј (Целје)
Бекови: Деан Бомбач (Пик Сегед), Клемен Цехте (Ал Шаб), Јуре Доленец, Вид Кавтичник (Монпелје), Давид Миклавчич (Трембле), Борут Мачковшек (Ајсенах), Миха Зарабец (Целје), Урош Зорман (Кјелце).
Пикери: Матеј Габер (Монпелје), Вид Потеко, Блаж Благотиншек (Целје).
OhridNews