Симоне Заза беше еден од фудбалерите кои не реализираа удар од белата точка за Италија во пенал рулетот со Германија во 1/4 финалето. „Азурите“ отпаднаа, германците продолжија понатаму и ги очекува дуел со домаќинот Франција во 1/2 финалето.

 
Фудбалерот на Јувентус се извини, но попусто бидејќи за начинот на изведувањето на пеналот Заза стана вистински хит на социјалните мрежи.

OhridNews