Овогодинашната бројка од речиси 11 000 заболени граѓани од грип, е за 3,5 отсто повеќе во однос на последните 10 години, со исклучок на 2009-та година.

Матичните лекари им препорачуваат на граѓаните кои ги имаат симптомите на грип, да останат и да се лекуваат во своите домови, бидејќи со одењето на работа можат да придонесат за побрзо ширење на ова заболување.
Од Институтот за јавно здравје, информираат дека од испитаните 159 примероци, доминира грипот од тип – инфлуенца А.
Инаку, во 2009-та година која се смета за пандемска, во земјава биле регистрирани 58 000 граѓани заболени од грип.
OhridNews












