Славниот фудбалер Ерик Кантона го продал на аукција својот Ролс Ројс за 125 илјади евра, а парите од продажбата им ги подарил на бездомниците. Автомобилот од 1984 година, украсен со графити, на аукцијата ја достигнал цената од 125 илјади евра, која е двојно повисока од реалната цена.

Ерик Кантона одлучил парите да ги подари на организацијата чиј е покровител, и која се грижи за бездомниците.