Италијанскиот популарен пејач Ерос Рамаѕоти станал татко по втор пат, пренесуваат светските медиуми. Сопругата на Рамаѕоти, Мариса Пелегринели на свет ја донела ќеркичката Рафаела Мариа.


Пејачот својата среќа ја поделил со обожавателите преку својот фејсбук профил и и се заблагодарил на сопругата за прекрасниот подарок. Ерос веќе има една ќерка, Аурора, која ја добил додека бил во брак со манекенката Мишел Хунцикер.