Поранешниот евроамбасадор во Македонија, искусниот ирски дипломат Ерван Фуере, деновиве допатува во Охрид да присуствува на одбележувањето на православниот празник Богојавление – Водици. Екипата на OhridNews го затекна во прошетка низ охридската чаршија со неговите внуки. Тој истакна дека се радува што повторно е во Охрид и ужива во убавините на градот.

Фуере изминатите години беше редовен капач за Денот на рибарите, а на два пати успеа да доплива и до буре со вино. Дали и годинава ќе заплива во студените езерски води останува да видиме.

Ерван Фуере од 2010 година е почесен граѓанин на Охрид.

Г.М.

Жељко Јоксимовиќ и Зоран Милески го презедоа кумството за Водици во Охрид