Раководителот на Европската вселенска агенција (ЕСА), Јозеф Ашбахер сака „да го види првиот астронаут“ од Стариот континент на Месечината до 2030 година, објави ДПА.

Целта е да испратиме астронаути на површината на Месечината до крајот на ова десетлетие, изјави Ашбахер за агенцијата во Париз.

Тие „зад себе би ги оставиле првите отпечатоци од европски чевли“ на површината на Месечината – што секако би било од симболично значење. Ашбахер смета дека целта може да се постигне и дека очекува Месечината во иднина да стане нов економски простор и – нов континент.

Но, нема конкретни планови за европска мисија. Ашбахер рече дека тоа било важна точка за преговорите со американската агенција НАСА.

НАСА во мигов планира да испрати астронаути на Месечината до 2025 година – првпат по речиси 50 години, во рамки на мисијата „Артемис“. ЕСА, според Ашбахер, е вклучена во таа мисија.

Вклучени се и други компании, но убаво е да се види НАСА зависна од Европа како доверлив партнер… И, тоа е, секако – нашиот заеднички пат до Месечината!, рече тој.

OhridNews