Поради високите температури и зголемената можност за активност на комарци, треба да се почитуваат општите препораки за заштита од топлотен бран, како и посебно внимание да се обрне на препораките за заштита од комарци.
Употреба на мрежи против комарци за заштита на бебињата, старите лица и сите други кои би можеле да се одмораат во текот на денот. Ефикасноста на таквите мрежи може да се подобри доколку истите се третираат со инсектициди.
Во доцните вечерни часови, по заоѓање на сонцето и раните утрински часови, пред изгревање на сонцето, кога се активни комарците се препорачува употреба на спирали/ленти против комарци, репеленти и во текот на дневните часови – електрични вапоризатори .
Makfaks