Иако навлеговме во есента, на охридското крајбрежје викендов може да се забележат капачи кои одлучиле да се релаксираат во езерската вода чија температура е 19 степени и да уживаат во топлите сончеви зраци.
Според најавите на синоптичарите, во текот на неделата ќе дојде до драстично опаѓање на температурите за десеттина степени. Од утре се очекуваат повремени врнежи од дожд, а од среда максималната температура ќе биде од 14 до 17 степени. Минималната температура во четврток ќе се движи помеѓу 3 и 5 степени.
OhridNews