Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Ешли Јанг ќе ги пропушти следните три мечеви, откако дисциплинската комисија во Премиер лигата го суспендираше за подмолниот на Душан Тадиќ на дуелот со Саутемптон кој заврши 0-0.
Јанг намерно со лакот во пределот на половината го удри Тадиќ кој иако не падна сепак реагираше во најмала рака непромислениот потег на домашниот фудбалер.
По прегледувањето на снимката дисциплинците го суспендираа Јанг и ќе ги прескокне мечевите со Евертон и Стоук во Премиер лигата и со Дерби во ФА Купот.
OhridNews