Клубот од „Емирати“, Арсенал последната голема титула ја освои пред 13 години односно во 2004 година покорувајќи ја Премиер лигата без пораз. Еден од клучните играчи во непобедливата генерација беше Ешли Кол кој играше на левата бековска позиција.

Дефанзивецот продолжи да освојува титули во Англија и Европа, но во редовите на градскиот ривал на „топчиите“, Челси. Репрезентативецот на Англија на Стемфорд Бриџ се пресели 2006 година по недоразбирањата со управата и менаџерот Арсен Венгер.


– Начинот на кој заминав не беше исправен, но исто така верувам дека никој од челниците на клубот не покажа почитување кон мене. – рече Кол и додаде за прашањето дали жали што го напуштил составот на Арсенал. – На клупски план освоив се што може да се освои и зошто би жалел за мојата одлука. Искрено им се смеев на резултатите и поразите иако тоа не е спортски.

„Сините“ после официјализирањето на трансферот на Кол заработија парична казна поради тајно преговарање, но со титулите од Лигата на Шампиони, Премиер лигата и Премиер лигата дефанзивецот стана еден од најкомплетните англиски фудбалери во историјата.

OhridNews