Поранешниот репрезентативец на Англија, Ешли Кол го напушти премиерлигашот Челси и се пресели во тимот на Рома.

33-годишниот фудбалер кој беше незаменлив на левата бековска позиција реши да го напушти Стемфрод Бриџ по осум години.

Рома во името на Кол доби искусен фудбалер кој и тоа како му е потребен на „волчицата“, а на Олимпико пристигна како слободен играч.

Мх.П.