Тепачка се случила во соблекувалната на Рома, по натпреварот во Бергамо против Аталанта (3:3). Италијанските медиуми пренесуваат дека актери биле тренерот Лучано Спалети и клупската легенда Франческо Тоти.
Рома имаше предност 0:2, но потоа Аталанта направи пресврт за 3:2, а бод за „волчицата“ спаси Тоти, кој го постигна 301-от гол во кариерата.
Спалети бил бесен бидејќи тимот не ги освоил планираните три бода, со кои ќе ја задржеше предноста од шест бода во однос на Интер.
„Десет години не сте освоиле ништо, се однесувате како будали“, викал во соблекувалната Спалети, тврдат италијанските медиуми.
Единствен кој не сакал да го слуша и кој му се спротивставил бил Тоти, а реакцијата на легендарниот капитен дополнително го разжестила Спалети.
„Ти треба да молчиш! Ти не си тој кој треба да зборува. Играш карти до два наутро, со тоа не им даваш пример на соиграчите“, наводно му рекол Спалети, пренесува „Макфакс“.
Откако овие наводи ги лансираа италијанските медиуми, тренерот на Рома веднаш ги демантира.
„Морав да им кажам дека не сум задоволен од играта, но немаше никава тепачка. Никогаш не би удрил свој играч“, изјавил Спалето кој по мечот порачал „дека бодот на Рома не ѝ го обезбеди Тоти, кој имал само еден добар удар кон противничкиот гол, туку тимот кој ја одработил акцијата за тој да постигне гол“.
Што и да селучувало во соблекувалната на Рома, впечатокот на добро упатените во случувањата во Рома, предвидуваат дека Тоти по завршувањето на сезоната ќе си оди од клубот во кој ја минува целата кариера.
OhridNews