Неизвесната трка за шампионската титула во Ла Лига помеѓу Барселона и Реал Мадрид продолжува, откако составот на Луис Енрике со 3-0 го совлада Еспањол во градското дерби во 35-та рунда од првенството.
Еспањол беше рамо до рамо со Барселона во првиот дел, а колата за домаќините низ брдо тргна во 50-та минута кога Луис Суарез со гол казни кардиналната грешка на одбраната. Во 77-та минута Ракитиќ после асистанција на Меси зголеми на 2-0, a Суарез со вториот погодок ги постави конечните 3-0.
Барселона и Реал Мадрид имаат ист број на бодови, но „кралевите“ имаат меч помалку кој ќе одиграат против Селта во Виго.
Резултати: Реал Сосиедад – Гранада 2-1, Реал Мадрид – Валенсија 2-1, Лас Палмас – Атлетико Мадрид 0-5, Еспањол – Барселона 0-3.
OhridNews