Без голови и без победник заврши градската пресметка на „Пауер стадионот“ меѓу Еспањол и Барселона во рамките од 17-та рунда од Примера.
Барселона доминираше, имаше целосна контрола врз играта, но не најде начин да стигнат до голот на „домаќините“ кои организирано се бранеа на својата половина.
Меси и дружината имаа 77% посед на топката, но упатија само два удари кон противничкиот гол што беше недоволно за победа.
Барселона во последните четири натпревари во Ла Лига има само една победа што веднаш бодовно се почувствува на табелата.
Каталонците имаат три бода повеќе од второпласираниот Атлетико Мадрид и големиот ривал Реал Мадрид.
OhridNews












