Сите жени и мажи кои сакаат да ги отстранат фините линии или длабоките брчки на лицето, а не сакаат да се подложуваат на оперативни зафати, може да го направат професионалниот медицински третман Хијалуронски филери, кој се изведува во Стоматолошкиот центар „Д-р Баткоски“ во Охрид.
Хијалуронските филери се нов, модерен, минимално инвазивен и безбеден пристап за естетска реставрација на челните брчки, брчките на глабелата, брчките околу очите и устата, за пополнување на назолабијани брчки и линијата на брадата како и за зголемување на усните.
-Со филерите се постигнува потполно природен изглед и при пополнување на брчки и при зголемување на усни, на што се должи и неговата исклучителна популарност ширум светот. Филерите се безбедно, нехирушко лечење кое го надоместува изгубениот волумен на ткивото. Изборот на третманот и техниката мора да бидат проценети по консултација со докторот, велат стручните лица од Стоматолошкиот центар „Д-р Баткоски“.
Тие објаснуваат дека хијалуронските филери се состојат од чиста Хијалуронска киселина, која е безбедна супстанца.
-Таа природно се наоѓа во сврзното ткиво на човекот, а 50% од нејзиниот вкупен волумен се наоѓа во кожата. Во текот на физиолошките процеси на стареење се ресорбира, што резултира со намалување на еластичноста и тонусот на кожата што е идеална подлога за појава на брчки. Хијалуронската киселина во облик на гел им дава потпора на колагените и еластичните влакна. Суштината на третманот е да се вбризга во кожата со цел да се надомести губитокот на Хијалуронската киселина, појаснуваат стручните лица кои го изведуваат овој третман.
Хијалуронските филери се вбризгуваат директно во кожата, во мали количини, при што се користат тенки, фини игли.
-Заради постигнување на максимален конфор, се применува локална анестезија. Третманот е едноставен, безбеден, безболен и трае од 15 до 30 мин. Резултатите се воочливи веднаш после третманот. Се постигнува ефект на затегнатост, хидратација, здравје. Се враќа волуменот во кожните набори, па така брчките потполно исчезнуваат. Кожата станува глатка, враќајки ја младешката структура на лицето, што прави да се чувствувате помладо и попријатно, објаснуваат од Стоматолошкиот центар „Д-р Баткоски“.
Оттаму нагласуваат дека досегашните искуствата покажуваат дека мал број пациенти чувствуваат мала нелагодност на местото на убод, што трае неколку дена по пополнувањето со хијалуронска киселина.
OhridNews














