Актуелниот амбасадор на Естонија во Турција, Аиво Орав ќе биде новиот амбасадор на ЕУ во Македонија, пишува онлајн изданието на „Дневник“. Одлуката што е соопштена денеска во Брисел ја донесе шефицата на европската дипломатија Кетрин Ештон.

Орав во Македонија доаѓа на местото на амбасадорот Петер Соренсен кој само по неколку месеци поминати во Скопје, во јули беше испратен за амбасадор на ЕУ во Босна.

Според неофицијалните најави, Орав ќе ја преземе должноста на почетокот на февруари.

OhridNews
извор: „Дневник“