Викендов во НУЦК „Григор Прличев“ се одржи етно вечер насловена „НЕЗАБОРАВ“. Љубителите на старата македонска чалгиска музика имаа можност да го проследат настапот на ФА Бисери, Ансамбл Билјана јуниор, а како специјален гостин свој настап имаше маестро Зоран Џорлев.

„Песната е нашиот идентитет. По старата македонска чалгиска музика сме препознатливи и уникатни во светот. Преку ваквите настани, ќе го исполниме аманетот на авторите кои стојат зад овие дела и само така ќе ги сочуваме од заборав.“ – велат организаторите на настанот кој е поддржан од Министерството за култура на Република Македонија.

фото: Емил Јовановиќ