Фудбалскиот клуб Струга Трим Лум направи промена во стручниот штаб. Кормилото на стружани го презеде Јетон Беќири, откако клубот спогодбено го раскина договорот со младиот стратег Александар Танчески.

Трите мечеви без победа „црвено белите“ ги чинеше губење на лидерската позиција на табелата во Втората македонска фудбалска лига. Беќири ќе има задача да го врати клубот на врвот и да го внесе помеѓу клупската елита во Македонија.

Беќири сезонава ја започна на клупата од Ренова, но слабиот почеток го чинеа отказ, а во Струга Трим Лум добива нова шанса за успех. Беќири деби на клупата ќе има на Градскиот стадион во Струга против битолски Пелистер.

OhridNews