Жителите на Велгошти и бројните посетители ќе имаат можност во непосредна комуникација со тимот од ЕУ автобусот, да постават секаков вид на прашања поврзани со Европската Унија, пристапувањето на земјата во Унијата, можностите за искористувањето на фондовите од ИПА програмата и другите програми на ЕУ, како и за други активности поврзани со ЕУ во земјата.
Покрај тоа, жителите на Велгошти и останатите села од околината ќе може да добијат десетина различни видови брошури на теми поврзани со ЕУ. Најмладите ќе може да учествуваат во две наградни игри.
Во активноста ќе учествуваат и претставници на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, која ја спроведува ИПАРД програмата на ЕУ наменета за поддршка на земјоделието и руралниот развој, како и Европското движење на Македонија, членка на најстарата и најголемата невладина организација за обединување на Европа.
Целта на оваа активност, организирана од Делегацијата на Европската Унија е да се оствари директна комуникација со граѓаните од руралните области и на тој начин непосредно да се презентираат информации за ЕУ и да се образложат добивките и обврските кои произлегуваат од зачленувањето во Унијата.