Европската унија изрази загриженост од порастот на барања за азил од македонски граѓани. Македонците најмногу азил бараат во Германија, каде минатиот месец се упатиле 521 македонски граѓанин.– Засега нема потреба од спречување на правото за излез од земјата затоа што сметаме дека целта ќе ја постигнеме преку кампања и информирање на граѓаните дека шансите да добијат азил во земјите на ЕУ се никакви. – истакна министерската за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска.
ЕУ очекува македонските власти сериозно да се зафатат со решавање на проблемот со големиот број азиланти, а некои европски медиуми веќе побрзаа да најават оти доколку продолжи негативниот тренд Македонија може да се соочи со укинување на визната либерализација.












