Во јуни оваа година, ќе се носи заклучок дали да се прифати препораката на Европската комисија за одредување датум за почеток на пристапните преговори со Македонија, откако денеска Советот на министри на Европската комисија ја одложи одлуката, јавува дописникот на МИА од Брисел.

Како што вели дописникот на МИА, до јуни нема да се знае дали Македонија по пет едноподруго препораки од ЕК, ќе добие датум за почеток на преговорите за членство во унијата.
Инаку, министрите за надворешни рбаоти на Унијата се очекува одлуката за Македонија да ја донесат два-три дена пред следниот самит, кој е закажан за 28 јуни во Брисел.
OhridNews











