Европскиот парламент го усвои предлогот за отварање на фрекфенциски појас од 800 мегахерци за бежичен интернет со што мобилниот интернет во Европската Унија ќе може да достигне многу поголеми брзини.

                                                        
Ваков фрекфенциски појас досега користеше аналогната телевизија, а бежичниот интернет на него ќе се префрли од јули 2013 година, бидејќи сите аналогни ТВ канали мора да станат дигитални до крајот на годината.
Појасот ќе можат да го користат бежичните мрежи од четвртата генерација, кои можат да достигнат брзина до 100 мегабити во секунда.
Портпаролот на ЕУ за ова прашање, Гунар Хоекмарк, изјави дека овој договор ќе и овозможи на ЕУ преземање на глобалната лидерска позиција во мобилните телекомуникации. Тој додаде дека овој чекор бил исто така потребен поради се поголемата употреба на смарт телефоните и големата побарувачка за побрз бежичен интернет.

Г.А.Ж
Извор: МИА