Европската Унија воведува ново правило кое подразбира строга проверка на менталното здравје на пилотите, а на сила ќе стапи во 2020 година. Одлуката е донесена по авионската несреќа во 2015 година, кога поради однесувањето на копилотот, авионот на компанијата „Џерманвингс“ се урна во Алпите.
ЕУ соопшти дека според новите правила, авиокомпаниите ќе бидат обврзани да воведат проверка на пилотот пред да полета. Во соопштението се повикува на систематско тестирање на пилотот и екипажот на авионот на психоактивни супстанци пред нивното вработување, како и на ненајавено тестирање откако ќе закрепнат од каква било болест и се вратат на работа.
Копилотот Андреас Лубиц во 2015 година ја заклучи кабината на авионот откако пилотот излегол на неколку минути и не го пуштил внатре, по што ја вклучил командата за слетување и го сруши авионот во Алпите. Во таа несреќа загинаа 150 луѓе.
Лубиц неколку години претходно боледувал од депресија, но властите и авиокомпанијата „Џерманвингс“ подоцна оценила дека е способен да лета. По несреќата, компанијата соопшти дека не знаеле дека Лубиц повторно станал депресивен.