Ангажманот на Кристијано Роналдо на италијанскиот првак Јувентус му донесе големо внимание и место речиси на сите насловни страни во светските медиуми. Од таквиот третман не е задоволен тренерот на „старата дама“, Масимилијано Алегри.

  • Роналдо има големо меѓународно искуство и многу ќе ни помогне, но треба да бидеме внимателни. Околу него има премногу еуфорија, тоа не е добро. Оваа година ќе биде потешка од другите. Нашите противници ќе бидат многу поагресивни, бидејќи имаме многу успеси во последниве години, а сега ни се придружи многу познат играч. – изјави Алегри.

50-годишниот стратег сезонава на плеќите ќе има далеку поголем притисок за разлика од минатата, бидејќи главна цел ќе биде титулата од Лигата на Шампиони.

Новата сезона во калчо лигата Јувентус ја започнува со Киево, а тоа ќе биде прв официјален натпревар за Роналдо.

OhridNews