Хрватскиот фудбалски сојуз ќе треба да плати 100.000 евра казна за испадот на своите навивачи на мечот од ЕП со Чешка кога во финишот на терен беа фрлени повеќе факели, како и топовски удар. Казната што денеска ја донесе УЕФА е надополнета и со забрана на продажба на билети на лица кои се наоѓаат на листата на хулигани.
Против Хрватска УЕФА води уште една постапка за употреба на пиротехника на трибините и упад на навивач на терен на мечот со Турција.
OhridNews