Компанијата Еурофарм која е сопственик на клубот Работник ќе го купи и Пелистер и ќе раководи со двата ракометни состави во иднина.

Општинскиот совет во Битола на денешната седница одговорил позитивно на барањата од компанијата за купување на Пелистер. В четврток треба да се финализираат деталите и да се пушти рака.

Уште една сезона минимум Еурофарм Работник и Пелистер ќе функционираат како различни субјекти, а од следната година ќе се одлучи дали ќе постои еден клуб.

Општина Битола во двата клубови ќе има по 25%, а спортската сала „Боро Чурлевски“ ќе му се довери на Еурофарм Работник, кој ќе се натпреварува во Лигата на Шампиони и СЕХА лигата.

OhridNews