Лидерот на табелата во ракометната елита Еурофарм Работник ја оправда фаворитската улога во СРЦ „Билјанини Извори“ совладувајќи го составот на Охрид со 34-25 (17-12) во претпоследната рунда од регуларниот дел во Супер лигата

Вториот пораз во третиот меч од пролетната сезона ги сведе на минимум шансите на Охрид за пласман во плејофот. Во последната рунда Охрид треба да го победи Пелистер во Битола, а Пролет да киксне на домашен терен против Прилеп кој  е еден од најслабите тимови во Супер лигата.

„Фармацевтите“ добро го отворија мечот и поведоа со 3-0. Охридските ракометари се консолидираа и со два брзи голови намалија на 3-2, а успеаја и да стигнат до егал 6-6. Избраниците на Стефче Алушоски со нова серија од 3-0 дојдоа до предност 9-6, но домашниот состав повторно најде мотиви и овој пат се доближи на еден негатива 10-9. Битолчани со трета серија од три погодоци се одлепија на +1 (13-9). До крајот на полувремето ја задржаа и на одмор заминаа со 17-12.

Стартот од второто полувреме ги реши сите дилеми околу победникот. Македонскиот преставникот во Купот на ЕХФ со 4-1 серија стигна до највисоки 8 позитива (21-13). Во двата состави почнаа да се ротираат играчите и шанса да добиваат помладите ракометари. Македонската ракометна иднина одлично ја искористи приликата и со една лепеза на погодоци се престави во Охрид. Конечниот резултат беше 35-24 во корист на гостите.

Во последната рунда од регуларниот дел во Супер лигата, Охрид гостува кај Пелистер, додека Еурофарм Работник силите ќе ги одмери со Вардар Јуниор.

РК Охрид: Брауновиќ (3 одбрани), Ф. Ивановски (1 одбрана), К. Андоноски 3, Ма. Ивановски 4, Блажески 3, Костов, Димитриески, Соколов, Д. Андоноски, Трпчевски 1, Ристески 1, Симоноски 1, Димитријески 5, Петровиќ 2, Везенковски 3, Ми. Ивановски.

РК Еурофарм Работник: Трајкоски (2 одбрани), Чаневски (1 одбрана), Брдакоски (1 одбрана), Ојлески 3, Маркоски 2, Петровски 2, Пецаковски, Талевски 4, Каковски 3, Мемиќ, Кузмановски 6, Радовиќ, Крстевски 2, Остроушко 2, Граџан 5, Џукиќ 5.

Мх.П.