Атрактивната актерка со мексиканско потекло Ева Лонгорија себе си не доживува како секс симбол, иако често ја сврстуваат меѓу најпосакуваните дами на планетава. Вели дека се фотографира разголена за инает од оние кои сметаат дека не може истовремено да се биде секси и успешна бизнис жена.

Таа порачала дека може истовремено жените да бидат на насловната на Максим и да управуваат со продукциска куќа. Според неа, жените се комплексни суштества, тие се убави, интелегентни, духовни, сицијализирани и доста надарени за работа. Таа била одличен пример за тоа. Моментално е во љубов со Пепе Гастон, мултимилионер и еден од сопствениците на најголемата латиноамериканска тв продукциска куќа „Телевиса“.