Актерката Ева Лонгорија била предупредена поради крадење на предмети од сетот на последната епизода на серијата „Очајни домаќинки“. Ѕвездата сакала да понесе што повеќе спомени со себе, но обезбедувањето не и дозволило. Главните ѕвезди на серијата тешко го поднеле крајот на снимањето на „Очајни домаќинки“.
Ева, која ја толкувала улогата на мексиканката Габриела, се обидела да сочува дел од атмосферата на снимањата, па украла неколку предмети. Рекла дека нема да каже за што точно станува збор, бидејќи одговорните лица сигурно ќе бараат да ги врати.